СЕКС ПОЗИТЕ како Вежби

Сексот претставува прекрасна работа, но дали знаевте дека воедно е многу здрав, ослободува од стрес, ги зближува партнерите и најважно е се работи на важата кондиција и мускули. Во прилог е објаснето која секс позиција делува на различните групи мускули.

 

МИСИОНЕРСКАТА ПОЗА

Девојките најчесто ја завземаат оваа поза кога се уморни и е синоним на мрзелива поза, но сепак може да овозможи добар тренинг.

Оваа поза е одлична за јадрените мускули. Ако партнерот се лизга кон Вас, тогаш Вие пробувате да останете паралелни и се лизгате наназад, а за ова е потребна голема сила на јадрото. По некое време ќе осетите како Ви "горат" јадрените мускули и дефинитивно ќе осетите на Вашите стомачни мускули.
Кај девојките одоздола оваа поза делува на задникот. Колку повеќе го стиска задникот, толку поголем акцент на вежбање ќе добие.

 

 

 

КУЧЕШКАТА ПОЗА

Како и кај мисионерската поза, пенетрациајта отпозади го активира јадрото бидејќи девојката мора да се стабилизира кога е на сите четири. Исто така работат кватрицепсите и задникот кога пробува да се спротистави на силата на ударот одзади.
Модифицирана позиција кога мажот е врз девојката со рацете на креветот може да му овозможи добра вежба за рацете. Друга варијација може да биде наместо рацете на креветот, девојката може да ги стави на ѕидот со што ќе го користи целиот горен дел од телото (раце, гради и грб).

 

 

 

ДЕВОЈКАТА ОДОЗГОРА

Кај стандардната поза, долниот дел од женските нозе се наоѓаат на креветот или на подот, а со што ова ќе се вклучат задникот и јадрото.

Ова е исто како да јава коњ, употребуваќи ги долните стомачни и мускулите на карлицата, притискајќи на стомачните мукули кај мажот користејќи ги нејзините кватрицепси или листови.
Модифицираната верзија на оваа поза може да вклучи дополнителни мускули. За да биде позата поинтензивна, девојката може да застане на стапалата, односно во клекната позиција. Со оваа таа ќе работи на задникот, целите нозе и колковите. Ако дополнително ги спушти рацете за да си помага при скокањето, ќе поработи и на горниот дел од телото за да може да се балансира.

 

 

 

 

 

ЛОТУС (СЕДЕЧКА) ПОЗА

Како и кај мисионерската поза, седечката поза е пасивна секс поза. Кај оваа поза се користат скоро истите мускулни групи како и кај позата кога е девојката одозгора. Јадрото е вклучено во стабилизацијата на телото, додека задникот работи за време на пенетрирањето.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

СТОЕЧКАТА ПОЗА

Стоечката поза е една од најпредизвикувачките пози, бидејќи мажот треба да ја крене девојката целосно или делумно во рацете.
Ако партнерите се свртени еден кон друг, јадрото и горниот дел од нозете се во игра. Ако девојката стои на една нога, сите мускули на таа нога работат за да ја држат, додека јадрените мускули и даваат стабилност. Ако нозете и се завиткани околу партнерот, на девојката и треба сила во рацете за да се држи за партнерот. Безразлика која варијација ќе ја одбере, девојката мора да има или да развие издржливост за да може да се орджи во таа позиција подолго време.
Ако жената е горе и е завртена со грбот кон мажот, тогаш се користат истите мускули како кај кучешката поза: јарото се користи за баланс, а рацете можат да се користат ако се постаневени на ѕид и одпозади префрлени на главата на партнерот.

 

 

 

ПОЗА НА НОЖИЧКИ

Оваа поза користи најмалку напор, бидејќи нема одржување на телесната тежина и претежно се одвива нежна и спора пенетрација. Кога Вашите нозе се вкрстени, тогаш движењата на мажот, како и на жената се ограничени. Ова работи на внатрешниот дел на бутовите и на зацврстување на јадрото.

 

 

 

 

МОСТ ПОЗА

Оваа поза е за силни девојки. За време на позицијата на мост, жената е насочена нагоре користејќи ги сите четири екстремитети за да ја држи сопствената тежина издигната над креветот. Оваа поза е напредна, бидејќи девојката мора да се стабилизира за време на пенетрирањето и да се падне.
Дури и да ставите перници под Вас за да Ви помогне да ја олесните позата, сепак ќе работите на задникот и на внатрешниот дел на бутовите. Освен тоа ќе остетите тежина на бицепсот, трицепсот, стомачните, кватрицепсите, задникот и карлицата. Ако сте многу слаби, нема да можете долго време да ја издржите оваа позиција. По само 5 минути ќе осетите како Ви "гори" задникот.

 

 

 

ЛАК ПОЗА

Лак позата е модификација на мост позата, каде што девојката ги одмара рацете со рамената допрени на подот, додека нозете и го одржуваат долниот дел од телото горе во воздухот.
Воглавно се користат истите мускулни групи како и кај мост позата, само што тука е многу потешко бидејќи телото се одржава во воздух со многу помалку. јадрените мускули, задникот и бутовите се најмногу вклучени во лак позата. Ова е многу побезбедна поза за разлика од мост позата.

 

 

 

 

ПОЗА НА НАИЗМЕНИЧННИОТ СКОК

Девојката е седната одозгора со едната нога поставена пред неа, додека другата е издолжена целосно наназад, измеѓу нозете на мажот. Оваа поза е многу добра за кватрицепсот, целата предна нога, задната ложа, јадрото, како и задникот. За време на оваа поза се вежбаат и внатрешниот и надворешниот дел на бутот, додека се работи на флексибилноста на ногата поставена наназад.

 

 

 

Дали фантазијата Ви проработи и ќе испробате некоја од овие вежби, пози де!

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.