ШТО ЗНАЧИ КОГА ПОСАКУВАТЕ НЕКОЕ ЈАДЕЊЕ

Организамот кој чувствува потреба за одредени витамини обично ви става до знаење , порано или подоцна. Ретко кој стигнал да се разболи од скорбут (поради недостаток на витамин Ц ) а човекот да не забележал дека има потреба од овој витамин.


Но се случува и обратно – телото ни сигнализира , а ние не реагираме на знаците.
Кога посакувате некое јадење, всушност вие на сосема природен начин сте предупредени дека не внесувате доволно од некои витамини или минерали кои му се потребни на организамот. Ваквата глад по некоја одредена храна обично се појавува кога целокупната храна не е соодветна.

Путер од кикирики – не е изненадување. Овој путер е богат извор на витаминот Б. Ако често посегнувате по овој производ , тоа значи дека  сте изложени на стрес , па вообичаената доза на витамин Б која ја внесувате преку другата храна не ви е доволна.

Банани – обично ги посакувате повеќе кога на вашиот организам му е потребен калциум. Оние кои примаат диуретици или кортизон (кои го лишуваат телото од калциум) често чувствуваат глад за банани.

Сирење – Кога ќе се полакомиме по сирење , тоа значи дека на нашиот организам му недостигаат калциум и фосфор. Ако повеќе посакувате преработено сирење,  добивате и доза на алуминиум. Сирењето можете да го замените и со брокули, и тие имаат доволно калциум и фосфор , а помалку калории.

Јаболки – Велат дека ако изедете едно јаболко на ден, нема да ви биде потребен лекар. Можеби е така, но ако посакувате повеќе јаболка на ден – тоа значи дека имате зголемена потреба на калциум, магнезиум, фосфор, калиум и пектин (кој го намалува холестеролот). Ако  многу  сте склони да јадете многу растворени масти, тогаш ќе посакувате и повеќе јаболка.

Путер – Путеро најчесто го јадат вегетаријанците или оние кои не внесуваат доволно мрсна храна во организамот(понекогаш тоа е случај и со желбата за мајонез). Но, ако сакате солен путер, тоа може да значи и дека само ви недостига сол во телото.

Газирани безалкохолни пијалоци – Обично значи потреба од шеќер и можеби кофеин.
Зрнести плодови – Обично луѓето кои се изложени на стресни ситуации имаат зголемена склоност кон ваквите грицки. Но, ако најмногу сакате солени грицки-поверојатно е дека имате потреба од натриум.

Туршија – Бремените жени посакуваат туршија,затоа што им е потребна сол. И оние кои не се бремени ја јадат туршијата повеќе,  кога им се зголемени потребите за сол во организамот, но и за калиум.

Сланина – Оние чија исхрана е ограничена,ја сакаат сланината заради маста.Но, за жал, во сланината има многу канцирогени нитрати. Ако јадете многу сланина,проверете дали земате доволно количевство витамини Ц , А , Д и Е за да ги неутрализирате нитратите.

Јајца – Освен поради протеините, сулфурот, амино-киселините и селенскиот протеин, на љубителите на јајца им недостига маста која ја има во жолчката или пак во холино , кој го растопува холестеролот.

Диња – Има многу калиум и витамин А. Исто така содржи и витамин Ц, калциум, магнезиум, фосфор, биотин и инозит.

Маслинки – Веројатно барате сол. Оној чија тироида не е доволно активна – прво посегнува по маслинките.

Сол-Нема што да се нагаѓа. Оние кои јадат многу сол патат од недостаток на тироиден јод или од Адисонова болест поради недостаток на натриум. Оние кои имаат висок крвен притисок сакаат да јадат солено, иако не би требало.

Кромид – Проблеми со плуќата, синусите и се разбира – реуматските болки се причина за зголемена потреба од кромид.

Чоколада – Потреба од коефеин и шеќер.
Млеко-Потребен ви е додаток на калциум или пак на некои од амино-киселините, како што се триптофан,леуцин и лизин. Нервозните особи често имаат потреба од триптофанот во млекото, затоа што има смирувачко дејство.

Кинеска храна – Мононатриум-глутамат е она што ве тера да посакувате ваква храна откако еднаш ќе ја пробате.
Кисело овошје – Обично  укажува на проблеми со жолчната кеса или со црниот дроб.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.