Видови на бодибилдинг

Бодибилдингот претставува процес на максимизирање на мускулната хипертрофија преку комбинација на тренинг, начин на исхрана и одмор. Оној кој работи ваков вид на активност се нарекува бодибилдер.

ПРОФЕСИОНАЛЕН БОДИБИЛДИНГ      

Во модерната бодибилдерска индустрија, професионалец генерално означува бодибилдер кој победил на квалификации како аматер и заработил ПРО-карта од ИФББ. Професионалците го заслужуваат правото на натпреварување во натпреварите Арнолд класик и Вечер на шампионите. Заземајќи место на таков вид натпревар можно е да се заработи право за натпревар на Мр. Олимпија.

 

ПРИРОДНИ БОДИБИЛДЕРИ

Кај природните натпревари во бодибилдинг, натпреварувачите рутински се тестираат за некои илегални субстанции. Тестирањето може да биде извршено преку примерок од урина или со помош на полиграф (детектор за лаги). Анаболички стероиди, Прохормони и Диуретици се генерално забранети на природните организации. Природните бодибилдери тврдат дека нивните методи се фокусирани на здрав и природен начин на живот.

 

ТИНЕЈЏЕРСКИ БОДИБИЛДИНГ

Бодибилдингот исто така има повеке категории за млади натпреварувачи. Многу од професионалните бодибилдери започнале со кревање тежина во младите тинејџерски години. Бодибилдери како Арнолд Шварценегер, Ли Прист и Џеј Куртлер почнале со бодибилдинг како тинејџери.

 

ЖЕНСКИ БОДИБИЛДИНГ

Во 1970 година, жените почнале да си го заземаат своето место во бодибилдинг натпреварите и било екстремно популарно во тоа време. Од секогаш жените тренирале кревање тежина за да имаат поатрактивно тело. Многу жени веруваат дека кревањето тежина ќе ги направи огромни и дека тоа е само за мажи. Како и да е овој вид на вежбање има свои бенефиции како што е зацврснување на коските на телото, оформување на мускулатурата итн. Во последниве години, фитнес натпреварите многу станаа популарни, особено за жени кои не сакаат да го зголемат нивото на мускулна маса. На првиот Мис Олимпија натпревар во 1980 година победничка била Рејчел Меклиш.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.