Вистината за Метаболизмот

Метаболизмот е најчесто злоупотребен збор. Многу луѓе го обвинуваат нивниот спор метаболизмот како причина за нивната прекумерна тежина. Ова не ја одразува вистината за метаболизмот. Метаболизмот се дефинирана како биохемиски процес, кој игра важна улога во одржување на нашиот живот. Овие биохемиски процеси му овозможуваат на организмот да ги поправи клетките и оштеното ткивото.Метаболизмот се состои од два различни процеси. Анаболизмот, е процес на реакции кои ги конвертира  малите молекули во големи и катаболизмот, е процес на реакции кои ги конвертира  големите молекули во мали.

Анаболизмот му овозможува на телото да расте, да создава нови клетки и да го одржува ткивото. Како што  работникот користи цигли за изградба на куќата, анаболичниот процес користи основни молекули и хемикалии за да ја изгради огромната низа на комплексни материјали кои се потребни за живот. Нашите тела постојано произведуваат нови клетки. Минерализацијата на коските и зголемувањето на мускулната маса се примери на анаболизам.

Катаболизмот ги разложува големите работи во мали. Кога јадеме нашиот организма ја разложува храната  во помали молекули. Овој процес на разложување на храната во организмот, ослободува енергија. Оваа енергија е потребна за да се поттикнат анаболните процеси. Катаболизамот му обезбедува енергија на организамот, која му е потребна за физичка активност и раст.

Неискористената енергија, претежно се задржува во вашето тело или како гликоген во црниот дроб или како поткожно масно ткиво. Ова се случува кога катаболниот процес произведува повеќе енергија отколку што му е потребно на анаболизамот. Затоа најчесто се смета дека слабите луѓе имаат брз метаболизам, а дебелите луѓе имаат бавен метаболизам. Ова веројатно нема да биде точно. Прекумерната тежина е резултат на енергетска нерамнотежа. Каде телото ја складира не искористената  енергија во масти. Следува дека, ако создадете ситуација во која вашата анаболна активност е висока во однос на вашата катаболна активност, ќе започнете да го користите вишокот на енергија, која е зачувана и скалдирана како масно поткожно ткиво. Ова ќе доведе до губење на тежина.

 Намалувањето на внесот на калории, значи дека  помалку храна ке се катаболизира во вашиот организам. Ова значи дека помалку енергија се ослободува во телото. Можете да ги зголемите вашите анаболни стапка со вежбање.

Доколку сакате да ја намалите телесната тежина треба да јадете помалку и да вежбате многу повеќе. Ова не е ракетна науката, но сега барем знаете  зошто тоа така функционира и доколку сакате  да ослабаете треба да вежбате и да внимавате на исхраната.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.