Грицкањето семки е здрава навика

Семето од тиква е состојка која е составен дел од кулинарството, и исто така се користи за медицински третмани. Индијанците го користеле семето од тиква за лекување на болести со векови. Нажалост Семките во Македонија не се во толку голема и широка употреба, туку најчесто се употребуваат само за  грицкање во друштво.Обидете се да ги смените погледите и да започнете да ги употребувате семките од тиква како дел од вашата здрава исхрана, а не само да се користат за  грицкање во друштво додека се трачари.

pumpkin_seeds

Нутриентите

Семки од тиква се високо-енергетски закуски. Во 30 g  семе од тиква, содржи 160 калории, 8,7 g на протеини, 1,8 g на растителни влакна, 2,6 mg на железо, 172 mg на магнезиум, 354 mg на фосфор, 231 mg на калиум и 2,21 мг цинк.Содржината на протеини во семките од тиква е особено висока. Грицкањето семки помеѓу оброците го подобрува нивото на енергија без зголемување на шеќерите во крвта.

Омега 3

Семките од тиква содржат високо ниво на омега-3 масни киселини, здравите незаситени масти се неопходни за правилно функционирање на телото. Омега-3 масните киселини го намалуваат воспалението и можат да го намалат ризикот за кардиоваскуларни болести, артритис и рак. Потребите за омега-3 масни киселини се  од особено суштинско значење за правилна функција на  мозокот и може да ги подобри своите когнитивни и бихевиорални функции.

Подршка на простатата

Бенигната простатична хиперплазија, или зголемена простата, е едно од најчестите хормонски заболувања со кои мажите се среќаваат. Примарниот симптом е често мокрење, кои вообичаено се појавува кај мажите над 50 години. Бета-ситостерол е растително основно соединение кое е пронајдено во семките од тиква, кое го подобрува уринарниот проток во случај на зголемена простата, според Универзитетот “Медицинскиот центар  Мериленд”.

Третман на дигестивниот систем

Семките од тиква се препорачуваат како третман за инфекции на дигестивниот систем. Инфекции на цревата може да се добијат кога човек доаѓа во контакт со контаминирана храна или вода. Паразитите можат да предизвикаат болки во стомакот, дијареа, повраќање, надуеност, ректално чешање, замор и губење на тежината.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.