Големината на порцијата, битен фактор за слабеење

 

Започнете да користите тањири за јадење со помал дијаметар  доколку сакате вашата диета да биде по успешна. Тањирите кој се само 4 сантима  со поголем обем , собираат околу 30 проценти повеќе храна!

Научниците имаат дури и потврди дека мозокот покажува визуелни знаци кога станува збор за јадење. Ако го гледаме оброкот пред нас, ние некако верувам дека ние треба да го изедеме и ќе почуствуваме глад  дури и ако сме прејадени.

 

Следниот пат кога ќе го направите јадењето, ставете помалку во чинијата. Или, уште подобро е, да купите помали тањири. Потрудете се тањирот во кој вечерате да биде со обем од 20 до 25 сантиметрии – ако ставите 200 грама храна во голем тањир, тањирот ке изгледа празен,а истата количина на храна ако ја ставиме во помал тањир изгледа полн, што би му направиле трик на вашиот мозок да се чуствувате задовлено после јадење на полн тањир со храна.

 

Кога одите во кино и кога купувате пуканки, не се залажувајте да го купите најголемото пакување со пуканки. Вашиот мозок едноставно кога е во занес би ве натерал да изедете све што има пред вас, ако земете мало пакување пуканки сигурно ќе ги изедете сите пуканки, а истот ке се случи и ако го купите и најголемото пакување со пуканки.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.