Кетогенични амино киселини

 

Амино киселините се градбени делови на протеините. Кога јадете протеинска храна, вашиот организам ги разложува протеините во индивидуални амино киселини. Овоие амино киселини потоа се користат за синтеза на нови протеини за потребите на вашето тело. Ако јадете вишок на протеини од дневните потреби, вишокот на амино киселини клеточниот метаболизам ги користи за да обезбеди енергија за вашето тело. Амино киселините се класифицирани како гликогенични или кетогенични, во зависност од тоа како вашето тело ги метаболизира.

 

Гликогенични V.S. Кетогенични

Гликогеничните амино киселини на крајот се претворат во глукоза, еден вид на шеќер кој се корист како гориво во вашето тело. Спротивно на тоа, кетогеничните амино киселини не се способни да се метаболизира во гликоза. Наместо тоа, тие формираат еден вид на хемиски соидиненија наречен кетони, што вашето тело – особено вашиот мозок – ги користи како извор на енергија кога има недостаток на гликоза. Само две амино киселини, леуцин и лизин, се стрикно кетогенични. Амино киселините изолеуцин, фенилаланин, тхреоинин, триптофан и тирозин поседуваат и кетогени и гликогени својства, додека останатите амино киселини се само гликогенични.

 

Значење

Кетогеничните амино киселини влагаат во игра кога преку вашата исхрана ќе се намали внесот на јагленохидрати,а внесот на протеини и масти ќе биде зголемен. Ова  е  т.н. кетогенична исхрана која датира од 1920-тите како третман за епилептици, чии напади се намалуваат  во временскиот период додека постеле. Иако механизмот на овој феномен е познат, одржување на телото во состојба на кетоза, во која нивото на кетони се покачени, и ви овозможува да согорувате и кетогенични аминокиселини и масни киселини како основен извор на гориво. Исхраната на Др. Аткинс, каде  јаглехидрати се ограничени, а протеините и мастите се во изобилство, се потпира на принципот на кетоза за губење на тежината.

 

Извори

Животинското потекло на протеини, како месото, рибата, јајца и млечните производи се богати со кетогенични амино киселини. Соја, леќа, црн грав и кикирики, исто така, содржат големи количини на леуцин. Лизин го има во изобилство во спирулина (плава алга), сојните производи, семе козји рог, грав и пивски квасец.

 

Предупредување

Додека диета богата со кетогенични амино киселини може да понуди одредени здравствени бенефиции.Ограничувањето на јаглени хидрати, а одржување на високи нивоа на масти и протеини може да доведе до витамински и минералски недостатоци, како и дигестивно вознемирување. Високото ниво на кетони во крвта или во урината, исто така, може да го зголеми ризикот за развој на камен во жолчката или камен во бубрезите.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.