Јајцата често се ставаат во листата на лоша исхрана, благодарение на нивните високи вредноисти на холестерол и маснотии. Наместо да ги избегнуваме целосно јајцата подобро е само да ја остраниме жолчката. Додека белката не изгледа како да е полна со хранливи материи таа ни нуди неколку предности, без многу калории.
Јајцето е богато со холестерол, едно големо јајце содржи толку холестерол, колку што ни е потребен внес за целиот ден. Целиот холестерол од јајцето (213мг), се наоѓа во жолчката. Затоа јадете ја само белката од јајцето. Луѓето без здравствени проблеми не треба да јадат повеќе од 300 мг холестерол дневно, а оние кој страдаат од заболувања како што се дијабетис или кардиоваскуларни болести не треба да јадатт повење од 200мг холестерол дневно.
Белката од јајцето е еден од најдобрите извори на протеини. Од едно јајце, од кое добиваме 6 грама протеини, половина од нив ги добиваме од белката. Залагајќ исе за ниско-масни протеински извори, како редовен дел од вашата исхрана, исто така, може да го намалите и ризикот од срцеви заболувања,
Јајцата не се високо калорични, тие содржат само околу 71 калории во едно јајце. Доколку ја отфрлите жолчката која има 55 калории , во белката ке ни останата само 16 калории.
Во една белка од јајце,исто така содржи и 1,3 мг на фолати, 6,6 мг селен, 2,3 мг калциум, 3,6 мг магнезиум и 4,9 мг фосфор.