Сите живи организми, растенијата и животните, содржат протеини. Животните протеините ги добиваат од растенијата, зошто само тие можат да го користат азотот од атмосферата или како минерал за да произведат аминокиселини. Животните ја користат таа способност на растенијата, нивните аминокиселини.
Протеините од овошјето, житариците, зеленчукот и мешункарите содржат 20 аминокиселини неопходни во човековата исхрана. Разликата меѓу растителните и животинските протеини лежи во сразмерот и распоредот на нивните аминокиселини. Протеините од животинско потекло содржат поголемо количество на есенцијални аминокиселини. Значи повеќе се сконцентрирани во прехранбените продукти од животинско потекло. Кога нашиот црн дроб создава протеини, тој не прави разлика меѓу растителните и животинските аминокиселини. Важно е аминокиселината да влезе во крвта. Нам ни се потребни аминокиселини, а не точно одредени протеини.