← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Одморот како спасоносна навика

 

Целокупната природа се придржува кон одредени циклуси на активности и одмор. Истото се случува и во нашиот организам. За да се одржи нашата физичка и ментална рамнотежа, неопходно е да се почитуваат тие циклуси.

Кога ќе ја пречекориме границата на издржливоста, настапуваат срцевите заболувања и заболувања на крвните садови. Задача на нашиот одмор е да не закрепнува.

 

Додека спиеме, нашите нервни клетки се ослободуваат од метаболитичките наслојки што се создаваат во текот на денот. На сите клетки на нашиот организам им е неопходен одмор секој ден. Одморот треба да биде редовен, најмалку 7 часа кај возрасните лица. Покрај секојдневниот одмор, на нашиот организам му се потребни и други видови на одмори: седмичен(најмалку еден ден во седмицата) и годишен одмор.

Во минатото некои луѓе се обиделе да ја нарушат седмицата. За време на француската револуција, поттикнати од рационализмот, револуционерите создале седмица од 10 дена. Набрзо овој изум пропаднал. Постои нешто што кај луѓето ги присилува да се одмараат секој седми ден. Тоа е потреба на организмот поврзана со биолошките ритми и  се наоѓа во повеќето религии како заповед која мора да се почитува.

Редовниот одмор е спасоносна навика!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?

Пресметај калории и макроси
Мој Тренер · Калкулатор за исхрана