Пакување на планинарски ранец

 

За комотно движење на планина не е важно само кои работи сме ги зеле со себе, во ранецот, туку и тоа како е наредена опремата во ранецот. Правилно спакуваниот ранец, добро лежи на грбот, подеднакво ги оптеретува двете раменици, а работите кои ке ни затребаат за време на движењето треба да бидат лесно достапни. 

 

 

 

 

 

Како треба да биде спакуван планинарскиот  ранец ?

Најдолу – најдолу во ранецот ја ставаме вреката за спиење, а веднаш над неа резервната облека што ке ја користиме при ноќевањето.

На средина– во средината на ранецот ни стои храната што не ја користиме за време на движењето, како и горилникот со резервното гориво.

Најгоре– најгоре ја сместуваме резервната облека што ке ја користиме за време на самото движење, како што се резервни маици, јакна за заштита од ветер и дожд. До облеката ја сместуваме водата и храната што ќе ја користиме за време на движењето. Овој дел од опремата го ставаме горе со цел да ни биде при рака, да не се случи ако ни треба вода да го празниме или превртуваме целиот ранец за да дојдеме до неа.

Во капата и надворешните џебови – во надворешните џебови ги сместуваме капата, ракавиците, тоалет хартија, компасот, топографската карта, фотоапаратот, запалка и сл.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.