Некои луѓе мислат дека прескокнувањето на појадокот е одлична тактика за слабеење. Спрема нивната логика се скратува на внесот на калории од нивните дневни потреби, но за жал, тоа не функционира на тој начин. Конзумирањето на утринскиот оброк всушност може да ви помогне за поефикасно да ја намалите вашата тежина, и тука се трите причини зошто.
1. Прескокнувањето на појадокот- го фклучува вашиот метаболизам: Ако го прескокнете првиот оброк во денот, вашиот метаболизам всушност го успорува и прилагодува огранизмот да штеди енергија. Истражувањата покажуваат дека оние кои не го прескокнуваат појадокот регуларно ја намалуваат нивната тежина, продолжуваат да слабеат, и се со помала веројатност да бидат дебели.
2. Протеинската исхрана ја намалува желбата за јадење на благо: Храната која е богата со протеини, како што се грчкиот јогурт, житарици и јајца ќе ви дадат доволно енергија, при што веројатноста е помала да ви се отвори желбата за јадење на благо.
3. Растителните влакна не заситуваат од глад и го намалуваат стомакот: житариците и свежото овошје се добар избор за појадок поради тоа што тие се богати со растителни влакна. Растителните влакна не само што го задржува чувството на заситеност туку и не дозволува да се чуствуваме гладни помеѓу оброците, исто така, ја намалува и подуеноста на стомакот што го прави вашиот стомак да изгледа рамен.