← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Растителните влакна, дел од вашата исхрана

 

Растителните влакна се вид на јаглеродни хидрати кои не се апсорбираат (не преминуваат во крвта). Организмот не може да ги користи како извор на енергија. Цела внесена целулоза се исфрла со столицата. Поради тоа до неодамна нејзе не и е придавано поголемо физиолошко значење.

 

Новите сознанија ни говорат за големата важност на навидум неполезните влакна: тие служат како чистачи на цревата, впивајќи ги сите отрови и отстранувајќи ги штетните супстанции, како што се жолчните киселини кои му претходат на холестеролот.

Растителните влакна впиваат многу вода, со што го зголемуваат својот обем, а со тоа го олеснуваат исфрлањето на столицата. Ако исхраната содржи малку растителни влакна, затоа што не се внесува доволно количество на интегрални житарици и зеленчук, столицата е тврда, сува, така што цревата тешко ја исфрлаат. Тоа може да предизвика хемороиди или рак на дебелото црево. Целулозата- растителните влакна се исклучиво од растително потекло.

Растителните влакна најмногу ги има во интегралните житарици во овошјето, во зеленчуците, и во мешункарите (боранија, грав, грашок, леќа, соја, боранија,смокви). Иако не ни обезбедува енергија и не поминува низ крвотокот, таа е неопходна за здрав, урамнотежен режим на исхрана, бидејќи не штити од констипација (запек) и го намалува холестеролот.

 

Постојат два типа на растителни влакна – РАСТВОРЛИВИ И НЕРАСТВОРЛИВИ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?

Пресметај калории и макроси
Мој Тренер · Калкулатор за исхрана