Тае Бо – вистинскиот избор за вас

 

Ако сакате тренинг за целото тело, тогаш ова е вистинскиот избор за вас. Практикувањето на овој тренинг треба да биде дел од вашите физички активности доколку ви се забавни ритмичките движења во аеробикот, но сакате поинтензивно темпо.

Тае Бо е едночасовен високоинтензивен тренинг кој содржи комбинации од удари со раце и нозе, поврзани со разни чекори кои се изведуваат со ритамот на музиката.

Името го добило  од зборот ” тае” (taekwondo) и “бо” (boxing). Од неговиот почеток до денес важи за еден од најпопуларниот стил од групата на фитнес програмите.

Режимот на работа е аеробен и резултира со исклучиво добри кардиоваскуларни придобивки. Тоа се динамични вежби кои ќе го зацврстат вашето тело, ги тонираат и дефинираат вашите мускули а воедно и самите вежби ви ја даваат потребната енергија. Ваквиот тренинг ги ангажира мускулите на целото тело, и ги максимизира придобивките. Резултатите се чувствуваат уште при првите неколку тренинзи.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.