Притисокот што ја врти крвта по ѕидовите на крвните садови се нарекува КРВЕН ПРИТИСОК.
Постојат два вида на крвнен притисок:
– Систолен крвен притисок – висок
– Дијастолен крвен притисок– низок
А разликата меѓу систолниот и диастолниот крвен притисок се нарекува пулсна амплитуда.
Активното вежбање за подолг временски период го зголемува систолниот крвен притисок, но сепак вежбите за издржливост и флексибилност го намалуваат систалниот па и диасисталниот притисок.
Физичките вежби за издржливост и флексибилност се од суштинско значење за крвниот притисок, а додека вежбите за зголемување на мускулната маса не се поволни.
Затоа бодибилдерите кои прават тренинзи за зголемување на мускулната маса, а не прават истегнувања после тренингот имаат зголемен крвен притисок. За да не дојде до зголемување на крвниот притисок додека се прават тренинзи за зголемување на мускулната маса, потребно е билдерите,во нивната тренажна програма да вметнат 2 до 3 пати неделно тренинг за издржливост (кардио тренинг) и вежби за флексибилност како дел од секој тренинг, во завршетната фаза на секој тренинг.