Што значи да се дише правилно

 

Правилно да се дише – значи да се дише така што белите дробови целосно да се исполнат со воздух, огранизмот да ја добие максималната неопходна количина  и ткивото и секоја клетка целосно да го усвои кислородот.

 

Токму така дишат новороденчињата.Такво дишење за нас испланирала природата. И тоа е нормално!

         Но, луѓето, со текот на растењето, целосно се одвикнуваат од правилното дишење и воопшто незнаат како да дишат. Претерано тесните и задушливи простори на современиот град, стеснатите услови на работните места  довеле до тоа човекот да  заборави правилно да дише. Тој неможе да дише целосно и слободно. Грижите, возбудувањата,  егзистенцијата (експлозијата на страстите) го затвораат нашето дишно грло и не ни дозволуваат да дишеме. Луѓето дишат толку небрежно, толку површно и нецелосно, толку неслободно, и стегнато, што нивното дишење е доволно само да се одржи, колку-толку, животот, но тоа не е доволно за да бидете здрави, среќни и слободни. Но, таквата состојба може брзо да се достигне доколку сватиме: само свесната контрола на дишењето ни дава гаранција за долг живот без болести.

 

Првата работа што дишењето го прави неправилно и недоволно е тоа што белите дробови не работат во сета сила, пропуштаат 16 пати помалку кислород во минута отколку што можат!

 

         Вотрата работа што го прави дишењето неправилно е претеранта зачестеност на дишењето. Проверете колу вдишувања правите во една минута? При правилното дишење  треба да се вдишува само 8-12 пати во минута.  Но поголемиот број на луѓето коишто се здрави , дури и физички сосема силни, истренирани – прават 13 до 18 вдишувања во минута. А тоа е веќе многу! Што да се каже за болните луѓе? При воспаление на белите дробови, на пример, динамиката на дишењето може да биде од 60 до 70 вдишувања во минута.

 Третата работа што го прави дишењето неправилно е неправилната работа на дијафрагмата и на градниот кош.

         Четвртата работа што дишењето го прави неправилно, е носот кој работи како пумпа, вовлекувајќи го воздухот однадвор и произведувајќи притоа многу шумови. Правилното дишење е бесшумно. При правилното дишење воздухот сам од себе се вовлекува во белите дробови преку дишните патишта, и не треба да се вовлекува преку носот.

          На крајот, за да научиме правилно да дишеме, ние мораме да го земеме под свесна контрола процесот на дишењето. Ако научиме правилно да го контролираме дишењето, ние во свој раце ја превзимамае контролата над животната енергија на својот организам – а тоа значи и над своето здравје.Благодарение на  контролата на дишењето ние добиваме огромна сила.

 

                                                                                                       Кацуџо Ниши 

                      “ЛЕКУВАЊЕ СО ДИШЕЊЕ

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.