Дознајте дали Палео диетата е за вас

 

Преголемата низа на диети и методи за слабеење, ви претставува тешкотии, да одберете што да јадете. Едноставно, одењето до самопослуга брзо може да стане минско поле за диетата. Но, еден начин на исхрана ги прави нештата прилично едноставни – јадат како што правеле нашите предци – ловци.

 

 

Исхраната Палеолит (често се нарекува "пештерска исхрана") постојано ја зголемува нејзината популарност и интерес од страна на луѓе кои сакаат помалку комплициранa исхрана. Затоа прочитајте повеќе за оваа диета, за да ги дознаете основите и придобивките.

 

Што е Палео диетата?

Палео диетата е инспирација од минатот, за тоа како и што да јадеме "Тоа е начин на исхрана од нашите предци, кој се фокусирале главно на посно месо, живина, риба, морски плодови, сезонски зеленчук и овошје". Исклучок се суво овошје и скробна исхрана (првенствено компирите), кои не се вклучени. "се потенцира, здрави масти, а строго се избегнуваат сите пченкарни производи, житарици, мешунки и млечни производиза. Овде се вклучува и ограничен износ на ореви и семки (не повеќе од 100 грама на ореви дневно) како ужина, но слатките не  се дозволени. Сето она што им било достапнп на ловците- предци е дозволено, – овие луѓе дефинитивно не иделе да купуват кеси чипс, брза храна или можеби замрзната вечера во микробранова печка.

 

Кои се главните придобивки од Палео диетата?

Многу бенефиции се поврзано со јадење на храна богата со овошје и зеленчук, протеини и без шеќер, житарици, мешунки или млечни производи. "Според лидерите во индустријата палео диетата –  Роб Волф и Лорен Кордаин, како главни придобивки од палео диетата се сметаат, губењето на тежината, да се зголеми нивото на енергија и  намалувањето на ризикот од срцеви болести, рак, дијабетес и хронична заболувања".

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.