5 компоненти на фитнес тренингот

Фитнес тренинзите комбинираат пет елементи,од кои се гледа во целина колку е здраво телото, а тоа се: кардио вежби, вежби за зацврстување на мускулите, вежби за мускулна издржливост, вежби за истегнување и телесниот состав.

Без оглед дали сте почетник или личност која стално вежба морате да имате на ум дека само добро испланираната програма за вежбање ги носи посакуваните резултати.

Кардио вежбите како и вежбите за издржливост се темел на секоја фитнес програма. Ја зголемуваат количината на кислород и крв во телото. Колку ви е поголема кондицијата, толку срцето , и крвните садови подобро спроведуваат крв и кислород низ целото тело. Може да се пронајдете во  аеробик, трчање, пливање, возење велосипед.

 

Вежбите за зацврстување на мускулите се клучен дел од секоја фитнес програма. Тие помагаат да се зацврстат коските  и да ја зголемете  снагата. Фитнес центрите денес нудат широк избор на различни справи и тегови за зајакнување на мускулите.

 

Мускулната издржливост е способноста на мускулите или некоја мускулна група да повторува некое движење многу пати или да се држи во одредена статичка позиција за подолг временски период. И аеробни вежби и анаеробни вежби можат да ја  подобрат мускулната издржливост.

 

Вежбите за истегнување ја подобруваат покретноста на зглобовите и го помагаат доброто држење на телото. Секојдневното истегнување може дури и да помогне во борбата со стресот. Пред да почнете со истегнување, најдобро е да се загреете со вежбање. Јога е една од најдобрите дисциплини.

 

Телесниот состав е количината на поткожното масно ткиво во телото во споредба со износот на чистата мускулна маса (мускулите, коските, органи итн.)

 

Сега кога ги имате на ум сите 5 компоненти на фитнес тренингот, ќе можете потрудите да овие елементи влезат во склоп на вашиот фитнес тренинг.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.