10те нај-бизарни диети

Факт е дека се повеќе луѓе се трудат да ја намалат својата тежина. Но многу често оваа желба знае да премине во еден нездрав начин на исхрана, кој наместо да му користи, ќе му наштети на нашиот организам, без да сме свесни за тоа.

Ќе ви ги претставам 10те најбизарни диети што кружат помеѓу луѓето.

1. СТРОГИ ДИЕТИ

Тоа се диети, при кои се конзумираат помалку калории од минималното количество колку што му се потребни на организмот за да има нормален метаболизам. При вакви диети се успорува размената на материи во организмот, при што тој е принуден да задржува повеќе масти од вообичаено. Во ваквиот тип на диети спаѓаат сите диети во кои се конзумира помалку од 1000 калории дневно.

 

2. ИЗБЕГНУВАЊЕ НА МАСТИТЕ

Мастите се од витално значење за нашиот организам. Важни се за мозокот, за изградба на клеточните мембрани, за одржување на ритамот на срцето, за апсорбирање на хранителните супстанци, за функционирање на виталните органи. Мастите дури можат и да помогнат при губење на тежината од причина што го одржуваат орагнизмот сит подолго време. Работата е во тоа да внесете здрави масти, на пример, од риба, бадеми, органско масло за јадење или маслиново масло, и други слични производи кои содржат корисни масти.

 

3. ЧАЈ

Чаевите кој го забрзуваат метаболизмот воопшто не се здрави за нашиот организам. Со нив се губат многу од состојките кој му се потребни на  организмот. Друга негативна работа е што ваквиот тип на чаеви може да резултира со зголемен апетит и глад. Овие чаеви би требало да претставуваат лек за некои болести, па не го злоупотребувајте лекот.

4. ДЕХИДРАЦИЈА НА ТЕЛОТО

Дехидрацијата ќе ви ја намали тежината но не и мастите во телото. Со дехидрацијата може да изгубите само течност. Човечкиот орагнизам се состои од околу 70% вода. Таа е главен компонент на крвта во телото, која пак е многу важна за пренесувањето на кислород во мускулите и виталните органите.

 

5. ГЛАД

Некои луѓе сметаат дека избегнувањето на секаква храна, ќе им помогне да ја намалат својата тежина. Со ваква стратегија може да изгубите тежина за кратко време, но тоа ќе се должи на губењето на течности и мускулна маса. Во ваквите случаи телото ги задржува мастите како резултат на заштитна реакција.

 

6.ЧУДНИ ДИЕТИ

Некои диети се концентрираат исклучива на еден вид храна, супи, овошје, прапшкасти храни во вид на протеини и сл. Нема никаква полза од ваквите диети, затоа што изгубената тежина се враќа веднаш по завршувањето на диетата.

7. КОНЗУМИРАЊЕ НА ДИЕТАЛНИ ПРОИЗВОДИ

Диеталните производи се претставени како производи со малку или без масти, како ниско калорични или “light“. Тука спаѓаат кисело млеку со помалку масти, диетални сокови, диетални сладки и други. Кај ваквите производи се ставаат вештачки ароматизери, рафиниран шеќер, вештачки заладувачи и сл. при што овие производи можат да бидат поштетни отколку нормалната верзија на дадениот производ. Немојте да се потпирате на ваквие производи.

 

8. ПУШЕЊЕТО

Пушењето го намалува апетитот, така што доста луѓе се надеваат дека тоа ќе им помогне да ослабнат. Овој штетен порок му пречи на организмот при размената на материи и има многу штетно влијане врз здравјето, така што воопшто не треба да помислите дека ќе ви помогне за да изгубите дел од тежината.

 

9. САУНА

На сите ни е познато дека користењето на суна е добро за здравјето.Тоа е точно.

Но воопшто не можеме да сметаме на сауната кога станува збор за губење на тежина. Докажано е дека после сауна телото е полесно за неколку грамови, но неколу чаши со течност, ја враќаат тежината на своето место.

 

10. ТРЕНИНГ СО ЦЕЛОФАН ОКОЛУ ТЕЛОТО

Знам дека звучи глупаво, но сум го видел и ова, луѓе измотани со целофан околу телото вежбаат, скоаат, трчаат…  Тие веруваат дека тоа ќе им помогне да изгубат повеќе калории, но вистината е дека со тоа можат да изгубат само течности.

 

Веројатно ќе се запрашате што би помогнало за да ослабнете. Доколку сакате да ослабнете вашето место е на патеката за трчање или велосипедската патека, кошаркарското или фудбалско игралиште. Добро истегнете се и дајте го својот максимум.

Препорачливо е да се намали со јадењето, запазете да се намали со јадење, а не да се гладува.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.