Аргинин (NO) – пумпачот на мускули

Аргининот (L-arginine) е полу есенцијална аминокиселина кој во телото се претвора во нитро оксид (NO). Нитро оксидот е моќен неуротрансмитер кој ги опушта крвните садови, со тоа подобрувајќи ја циркулацијата и транспортот на сите хранливи материи до мускулите. Дава чувство и изглед на напумпаност после вежбање.

 

БЕНИФИЦИИ:

 

►Оваа аминокиселина е неопходна за функцинирањето на хипофизата, бидејќи стимулира лачење на хормонот за раст.

 

Колку е важен аргининот покажува и процентот кој што се состои тој во спермата – неверојатни 80%! Го зголемува бројот на спрематозоидите, како и ја подобрува нивната подвижност. Воедно е и главна состојка на виаграта!!!

►Помага во зараснувањето на раните, опоравокот на мускулите и во зголемувањето на имонолошкиот систем.

 

►Го намалува поткожното масно ткиво и го намалува ризикот од срцев удар.

 

►Тој е една од трите аминокиселини кои го формираат креатинот природно во телото.

 

Каде го има и кои се дневните потреби?

Аргининот може да се најде во: црвеното месо, рибата, семките од сончоглед и сусам, сувото грозје, чоколадото, калинката и други.

Дневните потреби претежно се задоволуваат преку исхраната, но за подобри резултати и голем изглед се препорачуваат 2000 мг, односно 2 грама дневно. Не треба да се замат повеќе од 20 грама поради несакани последици!

Се препорачува на лица кои вежбаат со цел поголема мускулна маса и на луѓе над 30 години. Секоја физичка повреда ја зголемува потребата од аргинин. L-Аргининот помешан со L-Орнитин може да доведе го губење на телесна тежина.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.