Почитувани,
Со задоволство би сакала да Ве информирам за новата дисциплина воведена во студиото за духовни дисциплини ‘Сурија’, ФИТ ЈОГА.
ФИТ јогата е дисциплина која ќа Ви овозможи да го зацврстите и обликувате Вашето тело, да се ослободите од вишокот килограми и да ја подобрите флексибилноста на телото, притоа наоѓајќи мир во умот преку ослободување од акумулиран стрес и зголемување на концентрација. Овој тип на јога дисциплина е погоден за сите, жени и мажи, почетници и напредни во јогата или во други спортски и духовни дисциплини.
Часовите по ФИТ јога ќе бидат оддржувани од страна на професионални инструктори кои имаат за цел да Ви овозможат единствено искуство во процесот на физичко и ментално зајакнување. Часовите се состојат од медитација и изведување на специфични вежби (асани) кои ќе придонесат за подобрување на виталноста на вашето тело, правилно дишење и зајакнување на концентрацијата.
ФИТ јогата е комплементарна дисциплина со модерниот начин на живеење во Скопје. Нуди сеопфатни погодности за вашето тело, ум и дух – низ вежби (асани) и медитација која е погодна за сите!
Предности од ФИТ јогата:
- Физички
- Губење на килограми,
- Обликување и тонизирање на мускулите,
- Зголемување на енергијата,
- Подобрување на здравјето,
- Подобрување на флексибилноста и еластичноста.
- Умствени:
- Подобрување на концентрацијата и фокусот,
- Зголемено чувство на спокојство и благосостојба,
- Намалено ниво на стрес,
- Враќање на ентузијазмот и еланот за исполнет живот.
- Емотивни:
- Зголемување на самопочитувањето и сигурноста во себе,
- Подобрување на самосвеста и самодовербата,
- Зголемување на способноста за соочување со предизвици од секаков тип.
Напомена: Оваа дисциплина е погодна за оние кои немаат сериозни здравствени проблеми!!!
Чланарината на Фит Јога изнесува 1.300 ден
Комбинација на Фит Јога и Традиционална Јога (4 часа) 1.800 ден
Со Светлина СУРИЈА