Храна пред утринскиот тренинг

Дневните обврски како и летните горештини налагаат да мора да се тренира наутро, безразлика дали ќе одите на трчање, планинарење, фитнес или велосипедизам. Температурите ги зголемуваат хормоните кои се лоши за работата и растот на мускулот, како што се кортизолот и саматрохинот.

Кога вежбаме в зори се буди телото, се подобрува работата на мускулите, се зголемува имунолошкиот систем и се зголемува согорувањето на маститескладирани во телото и сето ова се одвива преку целиот ден. Вежбањето наутро би можело да се одвива скоро на празен стомак, ако вечерата Ви овозможила добра количина на енергија со внес на јаглехидрати и масти, како и градбените протеини.

Порција кафеав ориз за вечера ќе Ви помогне да изведете ефективен тренинг следното утро. Богат е со јаглехидрати со среден гликемиски индекс (многу добро за навечер), растителни влакна, минерали, протеини и квалитетни масни к-ни. Исто добра храна се и нерафинираните житарици (сомелено со цело зрно) во комбинација со зеленчук. Можеби не знаевте дека вегетаријанската храна може да Ви овозможи толку енергија за добар тренинг!

Наутро Whey протеинот е одличен оброк за да го започнете тренингот бидејќи за брзо време оди во крвта. 

Оброкот пред тренингот наутро треба да биде лесен и претежно течен. Зелениот чај (поради антиоксидансните својства), 2-3 бисквити и свежо исцеден сок од морков, лимон, портокал или јаболко се одличен избор. Со ова се задоволени потребите за сол, вода и органски витамини.

Во спортовите кои што траат повеќе од 2 часа е неопходно да внесете доволно количество вода пред тренингот и исто така за време на тренингот по 1 чаша на секои 20-30 мин. Температурата на водата треба да виде од 10-20 степени. Не чекајте да ожедните за да пиете вода, тогаш може да биде веќе предоцна за Вашите спортски перформанси.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.