Јадете мрсна храна за да ослабете побрзо

 

 Јадете мрсна храна за да ослабете побрзо, можеби ви звучи како лага или сосема невозможно поради тоа што ова мислење се коси со целото ваше знаење за слабеење, но тоа е вистина: можете да јадете масти со цел да ви помогнат да согорувате повеќе масти. Вистината зад овој мит ​​е дека мастите се всушност добро за вас. Ви требаат. Тие се од суштинско значење за здравјето на мозокот. Мастите ни се потребни за дистрибуција на основните витамини растворливи во масти, како и за складирањето на енергија. Мастите се витални  макронутрианти, и треба да се балансираат во нашата исхрана. Се разбира, како што сите знаеме, премногу масти може да доведе до проблеми. Еден од најдобрите начини за борба против вишокот на масно ткиво е всушност  конзумирање на правите масти.

Заситените масти се дефинитивно лошите натрапници. Тие не ни се потребни многу,затоа што се задржуваат во нашето тело.

Мононезаситени масти се оние кои ни се потребни. Тие им помагаат на наталожените масти од стомакот да согорат побрзо, со тоа што ќе ја убрзат функцијата на метаболизмот и ќе ви  да ви помогне да согорувате повеќе калории во целина.

Постојат многу видови на "добри масти" кои се наоѓаат во различна храна:

          CLA (Conjugated linoleic acid): коњугирана линолова киселина  доаѓа од млечни производи

          Sesamin: сусамовото масло. Помага при  согорување на мастите. Може да се користат во готвењето или земени како додаток во салата.

          Омега 3: Претежно се наоѓа во риба, ленено семе и јаткести плодови. Исто така одлично за срцето, кожата и здравјето на кардиоваскуларниот систем.

 

Добар извор на мононезаситени масти се:

         –  Бадеми

          – Мешунките

          – Авокадо

          – маслиново масло (екстра девственото е најдобро)

          – темно чоколадо (правила за користење на чоколадо)

Овие здрави масти, исто така, ќе придонесат да се чувствувате повеќе сити после јадење. Додавањето на овие масти е одличен начин да се задржи вашата исхрана на вистинскиот пат.. Додавањето на мононезаситени масти како авокадо и маслиново масло во секојдневната исхрана е одличен начин да ги задржи вашите порции помали и вашиот метаболизам на високо ниво.

Добро е да се имаат овие масти како здрав дел од вашата секојдневна исхрана. Тие треба да бидат вградени секогаш кога е можно, но со умереност. Никој не препорачува јадење само мрсна храна, со цел да се бори против мастите, но тие се дефинитивно важно оружје во битката против "лошите" масти.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.