Дали сте слушнале некогаш за јадрените или Core мускули? 95% од луѓето со кои сум разговарал се чудеа дека воопшто имаат такви мускули. Мускулите на јадрото се едни од најбитните мускули, бидејќи претставуваат МОСТ помеѓу нозете и горниот дел од телото. Повеќето од овие мускули се невидливи бидејќи се наоѓаат длабоко во внатрењниот дел од телото. Дури и некој да има развиени јадра мускулите нема да се познаваат.
Кои се тие јадрените – (Core) мускули?
– Странични стомачни – се состојат од 2 пара мускули
-
– Надворешни или External obligue
-
– Внатрешни или Internal obligue
– Предни стомачни или rectus abdominus- секој сака да ги има овие мускули на плажа 🙂
– Долни грбни – ова се всушност 3 пара мускули:
-
– Quadratus Lumborum – го држи грбот цврст и го наведнува наназад.
-
– Multifidus Muscle – најсилниот и најуникатниот мускул.
-
– The Iliopsoas Muscles – се наоѓа околу колковите
-
– Мускулот на задникот или glute- тоа е најголемиот мускул во човековото тело, поради кој можете да ја движите ногата наназад и да ги вртите колковите.
Вежби за зацврстување на јадрото (се изведуваат статично)
Кои функции ги извршуваат?
♦ Најважните човечки функции:
-
дишење
-
кашлање
-
повраќање
-
исфрлање на урината и изметот
♦ Луѓето со слабо јадро имаат болки во грбот, што значи пружаат подршка на целата тежина од горниот дел.
♦ Заштита на внатрешните органи од повреди.
♦ Поголема сила и кревање на поголеми тежини, како на нозете, така и на горниот дел.
♦ Поголем скок, побрзо трчање и уште многу други функции
Сите спортисти мора да имаат силно, моќно и стабилно јадро, бидејќи тоа ја прави целата разлика помеѓу успехот и неуспехот. Телото треба да се користи како целина, а не како долен и горен дел. Овие два дела мораат да работат заедно за да можете ефективно да трчате, мавате, вртите, фрлате или пак скокате, а покрај сето тоа да имате неверојатен баланс на телото. Вашето јадро е тоа што Ве прави да бидете силни или слаби!
Дали сега гледате зошто јадрото е најбитниот мускулен дел од човековото тело?