Лутеинот е каратеноиден витамин, сличен на витаминот А и бета-кароинот. Се содржи најчесто во зелениот листест зеленчук како кељ и спанаќ, но исто така го има и во кивите, брокулата, пченката и во некои производи од животинско потекло како жолчката од јајцето и животинската маст.
ЗДРАВИ ОЧИ
Го нарекваат и "очниот витамин" и всушност функционира како пигмент за бојата на очите. Лутеинот го штити окото од сончево оштетување и од оксидативен стрес. Во големи случаи е незаменлив во спречување на појава на болести како катаракта, ретинална пигментоза и макуларно пореметување.
ЗДРАВО СРЦЕ
Истражувањата наведуваат дека лутеинот, како и другите каратеноиди можат да спречат топлотен и срцев удар. Исто така го намалува штетното дејство на холестеролот врз зидовите на крвните садови. Лабараториските тестови врз животни на кои им е давано лутеин покажало дека тие имале намалени шанси да добијат артеросклероза.
МОЌЕН АНТИОКСИДАНТ
Лутеинот е моќен антиоксиданс кој се бори со слободните радикали кои се виновни за голем број болести и состојби.
СПРЕЧУВАЊЕ НА РАКОТ
Истражувањата поврзани со ракот при конзумација на лутеин дадоа помешани резулати. Одредени извештаи го поврзуваат лтеинот со намалување на ризикот од рак на матката, простатата и дебелото црево, додека други покажуваат дека нема бенефит кон ракот на белите дробови и некои други видови. Најверојатно антиоксидантните својства на лутеинот можеби се корисни само за одредени форми на ракот.