Еден од најинтересните и доста квалитетен систем за тренирање на стомачните мускули е токму овој комлекс на вежби за стомачните мускули кој е познат како “P90X Ab Ripper X”. Овој тренинг трае 20 минути и содржи 11 вежби кои ќе се погрижат за вашите стомачни мускули.
P90X е екстремна домашна фитнес програма која дава изворедни резултати за само 3 месеци тренинг.
Еве го редоследот на овие вежби од кои се изведува по 25 повторувања од секоја вежба.
1. Склопувања – In & Outs
2. Возење точак (2 серии еднаш напред, еднаш наназад) – Bicycle (2 sets, one forward, one backward)
3. Жабји стомачни – Seated Crunchy Frog
4. Рашиени вкрстени стомачни – Cross Leg/Wide Leg Sit-up (Not shown)
5. Ножички со задршка – Fifer Scissor
6. Поткревање на колковите – Hip Rock’N Raise
7. Пулсирања – Pulse Up
8. Комплексно склопување – Rollup/V-Up Combo
9. Странични Стомачни – Oblique V-up
10. Качување по нога – Leg Climb
11. Засукување – Mason Twist (50 reps, not shown)
Задолжително истегнете се пред и после тренингот.