Помалку калории НЕзначи и намалување на килограмите

Во теорија логично е ако внесуваме помалку калории од дневните потреби дека ќе загубиме вишок на килограми, но во пракса е поинаку. Ќе Ви објасниме со еден пример.

Воочете ја разликата помеѓу чоколада и краставица (во еднакво количество на калории) : имаат различен вкус, составени се од различни нутритивни елементи и не се иста храна. Согледувањќи го сето ова можеме да заклучиме дека и телото нема да ги искористи на ист начин.

 

Проблемот што ние мислиме дека сите калории се исти и симетрични е тоа што ние ги замислуваме како физички нешта. Калориите всушност најпрво се единици за мерење на топлината, а подоцна да се користат како термин поврзан со составот на храната. СЕ за калориите имате тука.

ТЕЛОТО КОРИСТИ СЕ ШТО ЌЕ НАЈДЕ ВО ХРАНАТА И ВО НАПИТОЦИТЕ ШТО ГИ ВНЕСУВАТЕ. АКО ВНЕСЕТЕ ЛОША ХРАНА НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ УБАВИ РЕЗУЛТАТИ САМО СО ТОА ШТО СТЕ ВНЕЛЕ ПОМАЛКУ КАЛОРИИ!

Нема сомнение дека внесот на калориите игра клучна улога на начинот на кој телото складира и ги намалува мастите во телото, но испитувањето спроведено од "New England Journal of Medicine" покажува дека едноставното броење на калориите не ја дава посакуваната слика. Начинот на кој што нашето тело го искористува шеќерот е одличен пример за тоа како различната храна дава различни резултати.

Извршени се 2 истражувања каде што се терстирани различни диети со ниско калоричен внес. На едните испитаници внесувале поголеми количества јаглехидрати, а помалку масти. Другите испитаници обратно. Резултатите од вторите испитаници се покажале далеку подобри, како намалување на тежината, така и во подобривање на здравјето.

 

Нутриционистката Кари Хартел посочува дека различните состојки од храната се искористуваат различно. За пример ги дава растителните влакна кои не се искорисуваат во целост од страна на нашето тело, а при тоа придонесуваат нудејќи здравствени придобивки без многу калории.

Исто така нашето тело согорува повеќе калории при обработката на храна составена од протеини, отколку од други состојки. Белковините го намалуваат времето на храната кое и треба да прејде од желудникот во цревата, а со тоа помага подолго време да останеме сити.

 

Иако значителното намалување на калориите може да придонесе на намалување на вишокот килограми, но видот на храната која се внесува претставува голем фактор.

Вашата моментална тежина, тежината која сакате да ја изгубите, балансот на состојки во Вашата диета, калориите кои ги согорувате и мускулите кои ги градите при вежбањето и времето кое го трошите при вежбањето се главните елементи кои се вклучени во подобрување на Вашето здравје и во потенцијалното губење на вишокот масти.

НАМАЛЕНОТО ВНЕСУВАЊЕ НА КАЛОРИИ МОЖЕ ДА БИДЕ САМО КРАТКОТРАЈНО РЕШЕНИЕ ЗА КОНТРОЛИРАЊЕ НА ТЕЖИНАТА, НО ОБРНУВАЊЕТО ВНИМАНИЕ НА ВЕЖБАЊЕТО И НА ХРАНАТА КОЈА ЈА ВНЕСУВАТЕ ЌЕ ДАДЕ ДОЛГОТРАЈНИ РЕЗУЛТАТИ КАКО НА ТЕЖИНАТА ТАКА И НА ЗДРАВЈЕТО.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.