РЕЗЕРВИ НА ЕНЕРГИЈА

ГЛИКОГЕНСКИ СИСТЕМ

Гликогенот е зачувана форма на енергија која вашето тело ја користи како гориво за движењата на мускулите. Гликогенот се синтетизира од гликоза или шеќер, во текот на процесот на варење на храната и складира во црниот дроб и мускулите. За време на вежбање, телото  користи гликоген од двете области (црниот дроб и мускулите) за да ги снабди вашите мускули со доволна количина на енергија. Резервите  на гликоген во нашиот организам се ограничени, меѓутоа, и вежбањето ги  осиромашува резервите.

ВАЖНОСТА НА ГЛИКОГЕНОТ

Гликоген кој се создава за време на варењето на храната може да се користи веднаш или се складирани во мускулите и црниот дроб. Нашето тело користи онолку колку што му е потребно, а останатото го складира како резервна енергија. Гликогенот е моќено гориво, најпосакувана од страна на телото за кратки и  интензивни движења, поради тоа што е составен од многу гликозни молекули. Како резервната батерија за телото, гликогенот лесно се конвертираат во шеќер кога ни е потребно енергија. Другите извори на складирана енергија, како што се мастите, не обезбедуваат енергија толку брзо како гликогенот.

ПОВРЗАНОСТА НА ГЛИКОГЕНОТ СО ВЕЖБАЊЕТО

Вашето тело користи два основни процеси за време на вежбање: аеробен и анаеробен метаболизам. Аеробниот метаболизам користи кислород и гликоген за да создаде енергија. Без доволно кислород, вашето тело се префрла на анаеробен метаболизам – без кислороден процеси. Гликогенот, исто така, може да се разложи без кислород, што го прави идеално гориво за време на активностите со висок интензитет. Вашето тело постојано има  околу 450-550 грама резерви на гликоген во црниот дроб и мускулите кои ни стои на располагање за време на вежбање.

ОСИРОМАШТИВАЊЕ НА ГЛИКОГЕН – ИСЦРПЕНОСТ (Hitting the wall)

Исцрпувачките тренинзи – кои се со пролонгиран период на умерен интензитет или со краток и висок интензитет  ги осиромашувата вашите  гликогенски резерви. Ексцентричните мускулни контракции, каде надворешна сила се обидува да ги продолжи  мускулите додека изведувате контракција, доведе до поголемо гликогенско осиромашување. Закрепнувањето  по ексцентричен тренинг може да потрае до четири дена. Мускулите и нервниот систем доживуваат  екстремен замор и шеќерот во крвта често опаќа. Исто така може да се случи и волева исцрпеност, на нервниот систем му недостасува енергија за да сигнализира мускулнат контракција(недостаток на желба и мотивација). Осиромашувањето на гликоген,  обично сигнализира желби за јадење, односно ве охрабрува да јадете за да ги надополните потрошените резерви.

ОБНОВУВАЊЕ НА ГЛИКОГЕНСКИТЕ РЕЗЕРВИ

Јадењето по тежок и напорен тренинг е важно, и за обновување на гликогенот, како и за поддршка на мускулното опоравување (recovery). Внесувањето на  мешавина од протеини, јаглени хидрати и амино киселини може да помогне во обновата на гликогенските резерви и  да се промовира мускулна протеинска синтеза и закрепнување.

Најдобрата храна за подобрување на атлетските перформанси

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.