Што се тоа, камења во бубрези?

Камењата во бубрезите се тешки, кристални, минерални материи кои се формираат внатре во бубрезите или во уринарниот тракт. Камењата во бубрезите, исто така, понекогаш се нарекуваат како "бубрежни калкули". Тие често може да предизвика силна болка во стомакот, половините, или во пределот на препоните, а исто така може да предизвикаат крв во урината (хематурија). Бубрежните камења може да се заглават во бубрезите или да се одделат и да допатуваат во уринарниот тракт. Додека каменот е мал по големина, тој може да го помине целиот пат надвор од телото без да предизвика многу болка, но ако каменот е голем, тој може да се заглавени во уретрата или мочниот меур и да предизвикува голема блок во протокот за урина.

Има четири различни видови на камења?

– Камња од калциум
Овој тип на камења е најчестата појава, камењата од калциум се формираат кога има премногу калциум во исхраната, калциум што не може дасе искористи од страна на коските и мускулите и оди во бубрезите. Кај многу луѓе, бубрезите го отстрануваат екстра калциумот со остатокот од урината, но во некои случаеви овие камења се формирана во рамките на бубрезите и остануваат заглавени во нив.

– Камења од Струвит (магнезиум амониум фосфат)
Вториот вид е познат како Струвит камен, тој може да се формира по инфекција во уринарниот тракт. Овие камења се формират од магнезиум и од отпадниот продукт амонијак.

– Камења од урична киселина
Третата форма на камен во бубрег се "Камења од урична киселина", формирана од страна на вишокот на уричната киселина во урина. Ако веќе имате формирано камења од урична киселин во вашите бурези, и нивото на урична киселина во крвта и понатаму останува висока, тогаш треба да се намали внесот на месо или целосно да се отстрани од вашата исхрана.

– Цистини камења
Четвртиот тип на камен во бубрези е цистин камен. Цистинот е базична амино киселина која ја сочинуваат мускулите, нервите и други делови од телото и ова може да формира во урината камења.

Третман на камења во бубрези

Претежно камењата во бубрезите, се исфрлаат надвор преку уринарниот тракт за рок од 48 часа со пиење многу вода. Некои анти-инфламаторни лекови може да се препорачаат за контрола на болката. Немора да значи, но сето тоа зависи од големината на камењата – големите камења имаат помалку шанси да се исфрлат, а малите имаат повеќе шанси, но камењата поголеми од  9мм/10мм не може да помине без одредени процедури. Големите камења се кршат со ултра звук и ли ласер, што ги крши на мали парчиња, а потоа тие ќе моќат да да се исфрлат преку урината.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.