Сино-зелените алги се користат како храна, додаток во исхраната и во алтернативната медицина. Сино-зелените алги содржат многу хранливи состојки и се богат извор на антиоксиданси. Затоа и одлично ја подобруваат отпорноста на болести кај луѓето.
Сино-зелените алги одлично хранат организмот а со тоа изостанува зголемениот апетит кој вообичаено се јавува при недоволен внес на хранливи материи заради еднолична исхрана со што ќе ви помогнат да ги намалите вишокот килограми, можат да го спречат заморот, а исто така го решаваат проблемот со дефицит на внимание и хиперактивно растројство.
Покрај тоа што има комплетен извор на протеини, сино-зелената алга е концентриран извор на разни други хранливи материи. Тие содржат моќен антиоксиданс хлорофил, бета-каротин и други каротеноиди. Антиоксидансите се важни, бидејќи тие помагаат да се заштити телото од слободните радикали, кој ги оштетуваат здравите клетки преку оксидација. Хлорофилот придонесува да се забави процесот на стареење и Ве штити од најразлични болести. Сино-зелените алги, исто така, содржат високи нивоа на витамин Б, железо, како и омега-3 и омега-6 есенцијални масни киселини.
За подетални информации стиснете овде.