Слободни радикали и улогата на антиоксидансите

Атомите реагираат со стекнување, губење или споделување електрони со цел да ги добијат сите валентни електрони. За атомот да стане нестабилен треба да не ги содржи сите осум електрони во надворешната обвивка.

 

Слободните радикали се нестабилни атоми кои имаат изгубено електрон, па лебдат наоколу крадејќи електрони од соседните молекули.

Молекулата во отсуство на електрони станува слободен радикал кој треба да се стабилизира. Тогаш настанува штетниот процес во телото, каде со верижна реакција настанува хаос помеѓу мелекулите каде што секој од секого краде електрон и настанува оштетување на клетките, ткивата и ДНК.

 

Електроните се супстанци кои ги врзуваат атомите. Молекулите се соединенија на атоми и имаат тенденција да бидат стабилни само кога најодалечните електрони, односно надворешна обвивка на атомите ги содржат сите 8 електрони. Слободните радикали во телото реагираат со кислородот и ова се нарекува процес на оксидација со кој настанува оштетување на здравите клетки и предвремено стареење.

Загадувањето, радијацијата, незаштитеното изложување на сонце, лошата храната, напорната физичка работа и вежбањето ги зголемуваат слободните радикали, па затоа антиоксидансите се многу важни во борбата со нив.

Антиоксидансите се ензими кои ја спречуваат оксидацијата на другите молекули и спречуваат развој на болести како што се ракот и мозочниот удар. Слободните радикали гладни за електрони добиваат соодветна замена од страна на антиоксидансите. Иако во телото се наоѓаат природни антиоксиданси, сепак тие не се доволни и затоа мораме да ги внесеме преку храната.

Јадењето здрава храна богата со оксиданси како витамин А (компири, моркови, диња), витамин Ц (киви, магдонос, портокал) и витамин Е (ореви, зелени зеленчуци и семиња) ќе се борат со слободнте радикали.

Никако не смеете да го заборавите зелениот чај на кој што треба да му додате исцеден лимон и мед за да се зголемат антиоксидансите, што го прави дури и поздрава комбинација.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.