Долгнавестата тиква (Cucurbita moschata) има крушевидна форма и претставува златно жолт плод на фамилјата тикви. Застапена е на пазарите и во сите маркети каде шо има овошје и зеленчук во зимскиот период. Од овој зеленчук се прават разни јадења, десери како компоти, печена на парчиња, супи и друго. Сигурно сте грицкале семки од тиква, а токму семките се сметаат за многу здрав оброк содржејќи од 35-40% здрави масти и 30% протеини.
ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ
Овој вид на тиква содржи многу виални елементи како што се полифенолите, антиоксидантите и витамините. Тиквата се смета за еден од нај ниско калоричните зеленчуци, содржи само 45 калории на 100 грама. Не содржи заситени масти и холестерол, а од друга страна е богата со растителни влакна и фитонутриенти.
Тиквата често се употребува во диететскаа исхрана каде што се контролира холестеролот и при програми за намалувањето на тежината.
Содржи повеќе витамин А одколку кај обичната тиква. 10630 IU на 100 гр, што обезбедува дури 354% од ДПК. Витаминот А претставува можен анти оксиданс кој ја штити кожаа и видот. Истражувањата покажуваат дека природната храна која е богата со витамин А, делува превентивно и штити од појава на рак на белите дробови и усната празнина.
Содржи α и ß-каротен, крипто-ксантин-ß, and леутин. Овие состојки се претвараат во витамин А и телото ги ужива придобивките од овој витамин и антиоксиданс кој се бори со слободните радикали.
Богата е со витамините од групата Б. Исто така на табелата може да се видат минералите кои се адекватно застапени како железото, цинкот, бакарот, калиумот, калциумот и фосфорот.
Семките од тиквата се добар извор на растителни влакна и монозаситени масни киселини кои имаат здравствени придобивки врз кардиоваскуларниот систем. Семките се богати со аминокиселината кој е многу важна за здравјето, триптофан. Триптофанот се претвара во здрава габа која игра важна улога како неуро-хемикалија во мозокот.