Вежбајте повеќе BURPEE

Вежбата burpees е едноставна телесна вежба која се изведува само со сопствената тежина и е комбинација од чучњеви, склекови и скок во воздух. Оваа вежба го опфаќа целото тело и се користи во тренингот за сила и како аеробна вежба. За burpee  едноставно не вие е потребно посебна опрема или сала за да можете да ги изведите.

 

Брпии се изведува во 4 чекори започнувајки во стоечка положба:

1.       Клекнете  во позиција на чучнување и поставете ги дланките на подот

2.       Со скок назас исправете ги нозете во едно движење и поставете се во позиција на склек

3.       Скокнете со двете нозе истовремено напред  и поставете се во позиција на чучнување

4.       И вратете се во стоечка позиција со скок високои  плеснете со вашите раце над вашата глава.

 

Burpees вежбата е лесна за модифицирање и може одлично да се прилагоди спрема вашата физичка спремност.

Burpees е тип на плиометриска вежба. Таа е одлична за подобрување на вашата брзина , сила и експлозивност. Колку повеќе ги користите овие движења во вашиот тренинг, толку повеќе ќе ја развивате својата брзина и моќ.

Кога изведувате Burpees ги активирате скоро сите мускулна група на телото. Во фазата на чучњеви ги активирате задникот и квадрицепсите, При фазата на склекови ги активирате рамениците, градите и трицепсот, При скокот назад ги активирате стомачните, и во последната фаза на скокање ги активирате бутовите   долниот дел од грбот и долниот дел на нозете. Бидејќи секој дел од тебе е активен при изведувањето на оваа вежба, burpees исто така, обезбеди интензивен кардиоваскуларен предизвик. 

 

Еве нешто повеќе за историјата на  Huddleston Burpee.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.