Зачинете ја диетата

Практикувачите на здравата исхрана не мора да го искусуваат постојано монотониот вкус на варениот пилешки стек, печените компири или варената брокула. Здодевното може да се претвори и во вкусно! Треба да размислувате да готвите со зачини, бидејќи тие се одличен начин да го подобрите вкусот ,а покрај тоа и останатите бенифициите кои ќе ги добиете од нив. А одозгора на се не содржат калории.

Кои значини ќе ги одберете зависи од Вас и од храната која ја приготвувате.

 

Цимет

Додадете цимет на печените рецепти или на протеинската напивка со вкус на ванила, кој покрај вкусот ќе Ви помогне во контрола на шеќерот во крвта. Лажичката цимет на утринските житарки ќе Ви помогнат да го зголемите метаболизмот на шеќерот. 

 

Куркума – за цврст стомак

Меѓу многуте здравствени бенифиции, куркумата може да го намали воспалението на мускулите и да Ви помогне со борбата со мастите. Куркумата исто така помага во намалување на шеќерот во крвта.

 

 

Чили

Чилито го содржи капсаицинот, кој помага да се зголеми Вашиот метаболизам со часови откако ќе го конзумирате. Ако сте во потрага на начин за губиток на мастите, овој многу лут зачин е Вашиот избор.

 

Џинџер

Џинчерот се додава при промешување на храната која што се пржи и може да се додаде во скоро секоја зеленчукова салата за да додаде пријатен вкус. Исто така го подобрува дигестивниот процес и исфрлањето.

 

Црн пипер

 
Црниот пипер го стимулира излачувањето на хлороводородната киселина во желуднукот. Оваа киселина е незаменлива за дигестијата на протеините и останатата храна. Кога нема доволно од оваа киселина, храната може да се ди во стомакот, притоа предизвикувајќи гасови и скапување на храната. Две лажички црн пипер се одличен извор на манган и витамин К.

 

Морско оревче

Посипувањето на Вашиот утрински чај со морско оревче, може да му даде повеќе на вкусот. Морското оревче има антибактериски својства, па затоа е корисно при лош здив и борба со кариес. Познат е по тоа што го олеснува варењето на храната и помага во опуштање на мускулите. Да се избегнуваат големи дози на морско оревче!

 

Сенф

Семките на сенфот се пребогати со хранливи состојки. Богати со антиоксиданси, содржат омега 3 и омега 6 масни киселини како и протеини. Конзумурањето сенф може да го зголеми метаболизмот и да го намали крвниот притисок. Додадете го во сосови, салати или супа.

 

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.