Замор – Видови на замор и закрепнување кај спортистите

Заморот како проблем е третиран во повеќе теории, но ниту една од нив не ни дава целосен одговор на прашањето за појавата на заморот. Сепак секоја теорија придонесува  во расветлувањето  на актуелноста на причините за појавувањето на заморот кај спортистите.

Познато е дека постојат три теории за заморот.

– Теорија 1, Теоријата на исцрпување на енергетските резерви од скелетните мускули.
– Теорија 2, Теорија на труење на мускулите со продукти на метаболизмот.
– Теорија 3, Теорија на гушење која се јавува како последица на недостаток на кислород во организмот.

Како последица на заморот  опаѓа интересот за работа, намалена е работнта способност и ефикасноста на работењето во  организмот, каде настануваат бројни  биохемиски и функционални промени неповолни за организмот. Заморот неповолно се одразува и врз психичката способност, губење на волјата, моралот за работа и енергијата.

Според Форфељ заморот се јавува како последица на предметни односи  помеѓу пооделни  минерални материи (калиум и натриум), недоволно количество на кислород во крвта, како и намалување на хранливите материи во крвта (во прв ред шеќери) до замор може да дојде  и заради недоволна функција на жлездите за внатрешно лачење (намалено создавање на адреналин во надбубрежната жлезда), а ова доведува до намалување на работната способност на мускулите.

Заморот може да се јави и заради слабо функционирање на рецепторите кои примаат дразба и ги пренесуваат нервните импулси до нервните центри, а ова доведува до слабеење на рефлексната регулација на физиолошките процеси.

Во однос на класификацијата на заморот постојат  четири основни вида замор:

– Интелектуален замор (играње шах),
– Сензорен замор (кај стрелците),
– Емоционален замор и
– Физички замор (како резултат на напорна мускулна работа).

Во спортската практика се разликуваат два вида на замор: акутен и хроничен замор.

Акутниот замор може да се препознае преку  следниве објективни симптоми: видливо црвенило или бледило – модрили на кожата, потење на целото тело, и појава на сол, видливо дишење (површно), лоша кординација на движењето и др. Како субјективни знаци на акутниот замор се: спортистот се жали на замор, болка во мускулите, задишеност, главоболка, печење во градите, тежина на повраќање, забрзана фрекфенција на срцето.
Препознавањето на хроничниот замор исто така се врши преку објективни и субјективни симптоми.
Објективните симптоми се : намалена реакција на звучните сигнали, конфузно однесување, депресивност и плашливост, слабо памтење, слаб интерес за вежбање, повлекување во себе и сл.
Субјективни симптоми се :  главоболка, губење на апетит, појава на пролив,  зголемено лачење на моч, телесна исцрпеност, отежнато дишење, болки во градите, болки во рацете и нозете, несоница, несвестица и др.

Кога ќе се почувствува акутен замор, веднаш треба да се даде кус одмор заради закрепнување и обнова на организмот.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.