Мушмулите се вкусни и корисни, но многу малку луѓе се запознати со нивните квалитети. Овие прекрасни есенски плодови се незаслужено потценувани. Зошто да јадеме мушмули?
Мушмулите се богати со скроб, растителни влакна, пектин и органски киселини. Исто така содржат и големо количество витамини – А, Ц и витамини од групата Б, минерали – калиум, калциум, магнезиум, фосфор, железо, натриум и други.
Мушмули – здравствени придобивки
– Мушмулите ја прочистуваат крвта и ги зајакнуваат крвните садови.
– Ја подобруваат функцијата на жолчката, бубрезите и црниот дроб.
– Мушмулите го стимулираат растот кај децата.
– Го смируваат нервниот систем.
– Мушмулите го подобруваат варењето и стимулираат согорувањето на маснотиите.
Мушмулите зрејат во септември, но остануваат на дрвото до ноември, па потоа паѓаат. Во почетокот се тврди, но по паѓањето на првите мразови, стануваат меки, слатки и ароматични, а аромата на вкусот им се намалува. Затоа се препорачувада се соберат плодовите пред да падне првиот мраз, да се стави овошјето во дрвени садови и да ги чувате на ладно и во проветрен простор. Така ќе се задржат до два месеци.
Освен тоа, треба редовно да се прегледуваат за време на досозреването, плодовите кои се омекнати, веднаш се отстрануваат и консумираат, бидејќи се сплеснуваат и ги оштетуваат останатите плодови.