Цело време сакате да започнете со тренинг, а тој ден никако да дојде. Тоа, најчесто се случува поради некои фактори, кои знаат да ја притиснат и нашата волја. А тоа се:
Недостаток на време?
– – Во еден ден има 1.440 минути, сигурно можете да одвоите 20 минути за вашето здравје.
Недостаток на енергија?
– – Поради недостатокот на енергија, чуствувате голем замор кој ја потиснува животната енергија и волјата за напредок. Затоа се чувствувате исцрпени и слаби.
Недостаток на мотивација?
– – Недостатокот на мотивација, води кон депресија. Затоа мислете позитивно и дружете се со позитивни личности. Договорете го вашето друштво за прошетка во природа.
Недостаток на информација?
– – За да се биде здрав, доволно е оптимална физичка активност, немора да се форсирате. Не ви е потребно којзнеа каква професионална тренажна програма. Едноставно започнете со тренинг.