Кората од јаболкото за поголеми мускули

ЕДНО ЈАБОЛКО НА ДЕН И ДОКТОР НЕ Е ПОТЕРБЕН е сигурно нешто што го имате и претходно слушнато, но ова не би било така ако не би била кората на јаболкото. Хемикалиите што стојат позади сјајната јаболкова кора имаат здравствени бенифиции од градење мускулна маса, па се до одржување на здрава телесна тежина.

 

Уросолната киселина го држи холестеролот и шеќерот во крвта под контрола, што значи дека едно цело јаболко на ден може да стори чуда.

Важноста на кората од јабокото е откриена од Д-р Адамс, американски експерт за ефектот на хормоните врз човечкото тело. Тој открил дека кората од јаболкото спречува да се троши мускулот. Мускулот најчесто се троши од болест и стареење.

Тој испитувал преку 1300 хемикалии, но една му го привлекла вниманието – уросолната к-на. Испитаникот додал суплеемнтирана исхрана кај глувци и ги подложил на серија здравствени тестови. Малите животни добиле поголема мускулатура и нивната контрола станала полесна.

Но тоа не било се. Глувците кои се хранеле со кора од јаболка имале пониско ниво на холестерол и една третина помалку масти (триглицериди) во крвта.

 

Д-р Кристофер Адамс од универзитетот во Ајова ја истакнува важноста на кората од јаболкото. Уросолната киселина ги подобрува ефектите на инсулинот, кој делува како фактор за раст на мускулите. Оваа киселина особено е сконцентрирана во кората од јаболкото, но може да се најде во помали количини и во боровинките, сливите, босилокот и ориганото. Луѓето кои јадат "junk food" не ја внесуваат во организмот.

 

Друг факт е дека винските мушички кои јаделе екстракт од јаболко, живееле 10% повеќе од тие што не јаделе. И покрај се, тие можеле да се движат полесно, да се искачуваат и да летаат подобро од тие на иста возраст.

Тие што јадат јаболки имаат 20% помалку шанси за срцев удар.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.