НИКОГАШ ВОДА за време на оброк

Пиењето на вода, кафе, чај сок или пиво за време на Вашиот оброк ќе ја разреди хлороводородната киселина во желудникот. Оваа киселина е нешто што мајката природа ни го има подарено за се бори со се што е лошо и отровно, а доаѓа во допир со стомакот преку храната што ја внесуваме.

 

Ниеден паразит, бактерија, мутација или вирус неможе да избега од многу киселaтa средина како што е стомакот. Не верувајте ако некој Ви каже дека стомакот треба да биде алкален, односно со висока pH. Не постои патоген организам што може да опстане во кисела средина, па затоа единственото нешто од телото што треба да биде алкално, тоа е крвта.

Внесувањето на вода и други течности, повеќе од сигурно нема да Ви биде дигестиран протеинот бидејќи смесата од храна ќе плива на врвот од разредената хлороводородна к-на во желудникот, а варењето нема да биде ефикасно.

 

Вишокот вода во желудникот го пролонгира варењето на храната и храната може да се задржи дупло повеќе време. Ензимите, пепсинот и жолчката неможат да ја вршат својата работа доколку концентрацијата на солната киселина е намалена. Како резултат на ова ќе осетите дуење и гасови, а понекогаш може да осетите и гадење.

 

ТЕЧНОСТИ СЕ ПИЈАТ ½ ЧАС ПРЕД и ½ ЧАС ПО ОБРОКОТ и НИКОГАШ ЗА ВРЕМЕ НА ОБРОКОТ. Исклучок тука е виното, каде што 1 чаша за време на оброк го олеснува варењето на храната.

Чаша вода е дозволена само ако се пијат или мешаат суплементите, но и ако се јаде сува храна како туната.

Јаболковиот оцет е одлично решение доколку страдате од лошо варење на храната, а згора на се со тоа внесувате и цел спектар на ензими.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.