Исхрана по кардио тренингот

По кардио тренингот, хидратацијата е главната цел, поради тоа што преку потењето се губи голема количина на вода. Природната вода е најдобар извор на хидратација. Точно е дека спортските пијалаци ги надополнуваат изгубените електролити, но содржат и големи количини на шеќер и калории. Затоа се препорачуваат на професионалните спортисти. Општо земено, после просечен тренинг нема потреба за екстра калории во спортските пијалоци. Кокосовата вода е одлична алтернатива како спортски напиток, кои нуди многу калиум и магнезиум, но во многу поздрава форма за разликаа од спортските пијалаци со екстра калории. Исто така, по напорен кардио тренинг, вашите извори на енергија може да се стави обновување со оброк и ли закуски богати со јаглени хидрати.


За кардио тренингот, клучот е да се надополната водатајаглехидрати и електролити изгубени за време на тренингот.Примери:

– Исецкана банан во комбинација со путер од кикирики или бадеми;
– Манго  со јогурт и мед;
–  Јаболко со ореви
– Житериците, овошјето и зеленчукот се најдобри извори на јаглехидрати за тренингот.
– Банани и ориз
– Smoothies

Време за одмор, исто така е многу важно и треба да се гледа како прозорец на можности. Околу 30 минути по кардио тренингот, на организмот му е потребно да ги надополни изгубените резерви на енергија- гликогенот во мускулите и црниот дроб.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.