Како да не се прејадувате за Божиќните празници

За време на Божиќните прослави, нашите трпези по традиција се богати со големо изобилство на висококалорична храна. Затоа,  многу лесно може да се прејадеме за време на овие празници. Прејадувањето никогаш не е добра идеја, бидејќи тоа може да доведе до зголемување на телесната тежина. Еден од најдобрите начини да се избегне прејадување за Божиќ е да се развие стратегија за јадење пред големиот ден.

ПОСТАВЕТЕ СИ ГРАНИЦИ

Еден од најголемите проблеми на Божиќ и други празници е огромниот спектар на храна  кој го има на располагање. Божиќните прослави обично нудат мезе, висококалорична храна и различни видови десерти. Ова може да предизвика желба за прејадување. Најдобар начин да се избегне овој проблем е да се постави граница пред време. Одлучете што сакате да јадете пред да започнете со опуштање. Ова ќе Ви помогне полесно да кажете не на храната и обидете се да се ограничите на еден десерт на ден.

МАЛИ ПОРЦИИ

Дури и ако сакате да пробате од секоја храна која ви е понудена на Божиќ, сеуште можете да се избегне прејадување. Јадете мали порции  од секоја храна која што сакате да ја пробате.. Ограничете се на една порција или мали порции на висококалорична храна, како што се руска салата, десерти и пире од компири.

ЈАДЕТЕ БАВНО

Јадете бавно ако е можно во текот на Божиќните оброци. Колку побавно јадете, толку повеќе вашиот мозок предизвика чувство на заситеност. Можете лесно да се прејадете ако јадете цела чинија полна со храна во само неколку минути. Ако се земе 30 минути или подолго време за јадење  иста количина на храна, вашиот мозок ќе сигнализира пред да стигнете до прејадување.

НЕ ГИ ПРЕСКОКНУВАЈТЕ ОБРОЦИТЕ

Ако размислувате на тоа  да прескокнете оброк или два , пред големиот Божиќен оброк, ова е лоша идеја. Чекањето за да јадете ќе предизвика рефлекс на глад во вашето тело,  што може да ве предизвика да се прејадете. Ако јадете здрава храна и имате редовни оброци во текот на денот, Вие имате многу помалку шанси да се прејадете за време на Божиќните прослави. Закуските во текот на денот, како што се зеленчук, овошје и јаткестите плодови, исто така, ќе  ви помогнат да го спречите прејадувањето.

 

КОИ СЕ ОПАСНОСТИТЕ ОД ПРЕЈАДУВАЊЕ???

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.