Комбинирајте ги вежбите

Внесете различни типови на вежби во Вашата рутина. Вклучете кардио, тренинг за сила, тренинг за баланс и тренинг за флексибилност (стречинг или јога).

Испланирајте ја целата недела и распоредете ги вежбите во комбинација, така што секогаш избегнувајте 2 тренинга за сила еден по друг. Ова ќе им дозволи на мускулите да имаат доволно време да се опорават.

     

 

 

 

Кревањето тегови во теретана може да стане многу здодевна работа, комбинацијата на вежби ќе ја разбие монотонијата. Со ова Вие ќе научите многу нови работи од разни полиња на фитнесот и аеробикот. Освен тоа, ова ќе Ви помогне да се пронајдете и да видите што највеќе Ви одговара и Ве привлекува.

Пробајте да возите велосипед до некоја подалечна дестинација во Вашиот град, пливајте, трчајте, запишете се на јога или најдете вежби на интернет па пробајте ги дома.

Запомнете дека секогаш треба да вежбате за Вас, а не за другите! Залудно е ако кревате на бенч клупа 100 кг, кога неможете спринт да истрчате ниту 100 метри и постојано да повредувате мускул поради немање флексибилност.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.