Со ПЕШАЧЕЊЕ вложувате во себе

Нема подобар период за прошетки од пролетта и летото. Пешачењето секој ден, барем по половина час е најдоброто нешто што човек може да го направи за себе си. Ако правите приближно по 2000 чекори дневно, ќе потрошите доволно калории така што нема да качите килограми. Освен тоа пешачењето помага за зајакнување на мускулите и подобрување на метаболизмот.

Прошетките се многу корисни за срцето, со тоа што се раздвижува крвта. Пешачењето од 30 до 60 минути дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања. Исто така го намалува и ризикот од дијабетис, затоа што го израмнува нивото на шеќер во крвта.
Пешачењето го подобрува расположението и го отстранува стресот. За време на прошетките се ослободува ендрофин, кој го стимулира чувството на среќа и добро расположение.

 

Дали знаевте дека Одењето наназад, може да биде добрo за вашиот мозок?

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.